Губитничката страна на претседателските избори во САД, демократите и Сорос, не престануваат да вршат медиумски притисок врз легано избраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Од денот на изборите нивниот гнев резултира со „нуклеарен“ медиумски притисок врз администрацијата на Трамп, кој го спроведува главно телевизискио магнат Си-Ен-Ен.
Последно во низата напади и дезинформации е дека Мајкл Флин, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, кој по само 24 дена на должноста мораше да поднесе оставка поради тоа што лажел за неговите контакти со рускиот амбасадор во САД, во четвртокот преку неговиот адвокат им понудил на ФБИ и конгресните теза кои ги истражуваат наводните врски на изборниот тим на Трамп со Русија, сведочење во замена за имунитет од кривичен прогон.
За овој ненадеен пресврт, за кој Си-Ен-Ен тврди дека би можел да има „нуклеарен“ политички потенцијал, прв извести угледниот „Волстрит џурнал“, но засега нема информации какви конкретни сознанија Флин е подготвен да сподели со истражителите, а поради кои очигледно стравува дека би можел да западне во проблеми со законот.
Флин беше советник во изборниот тим на Трамп, а подоцна и еден од најблиските соработници во Белата куќа и поради својата позиција бил упатен во најчувствителните разговори и одлуки во сферата на надворешната политика, а директно учествувал во разговорите за можно укинување на американските санкции кои администрацијата на Обама ги воведе против Русија.
Како што е познато, Флин беше принуден на оставка откако призна дека го излажал американскиот потпретседател Мајк Пенс, односно му премолчал дека во периодот на примопредавање на власта, а пред инаугурацијата на Трамп, бил во контакт со рускиот амбасадор во САД. Неговите телефонски контакти со амбасадорот Сергеј Кисљак биле снимени од ФБИ кој го прислушувал рускиот дипломат и тоа дента кога администрацијата ан Обама воведе нови санкции за Москва.
ФБИ неодамна потврди дека спроведува истрага за можна поврзаност на тимот на Трамп со Русија и наводната руска вмешаност во американскиот изборен процес, а демократите во врска со тоа побараа Трамп да си поднесе оставка. Официјална Москва демантира дека се мешала во американските избори.
Од Белата куќа засега нема реакција на најновите вести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.