| четврток, 6 декември 2018 |

Што му забрани Амал на Клуни

Џорџ Клуни е возбуден во очекувањето да добие одеднаш две деца. Актерот и неговата 39 годишна сопруга ги очекуваат близнаците во јуни. Во меѓувреме, тој во едно интервју, изјави дека нашол „идеални и оригинални“ имиња за неговите деца, кои потекнуваат, верувле или не, од името на неговата компанија за текила „Казамигос“ ( Casamigos).

Името на компанијата би го поделил на две , па едното дете би било Каса и другото Амигос!

Но, на овој предлог добил вето од сопругата!
­
Мојата сопруга вели дека не може да ги крстиме Каса и Амигос. Тоа е едно нешто што ми е забрането ­изјави Клуни.

Се разбира, Клуни само се пошегувал со овој предлог. Славната двојка во добро расположение и со голема радост ги очекува своите дечиња!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top