| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Можна е нова лидерска средба

ДУИ вечерва нема цврста одлука за решение за излезе од кризата, но предвремени избори, кои што ги бара ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека не би ја решила кризата.

– Расправавме за деблокирање на состојбата, односно да дадат оставка министрите од ДУИ, но за оваа работа постојат две толкувања. Односно, министрите од ДУИ може да дадат оставка, но нема каде да ги поднесат оставките. Второто толкувањето е дека тие ќе мора да дадат оставки, но ќе мора да ги извршуваат функциите се до избор на нова влада – појасни лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Според Ахмети, на денешната итна седница се разговарало и за продлабочувањето на проблемот со локалната власт, бидејќи на сегашните гарнитури во општините мандатите им завршуваат во средината на мај.

– Овој проблем мора да се реши, оти нема да имаме ниту градоначалници, ниту совети, но за да се реши, мора да има функционално Собрание, рече Ахмети.

ДУИ како што посчи лидерот на партијата не донеле одлуки вечерва за да е консултираат за тоа со екпертите кои ја познаваат состојбата. Ахмети рече дека е можна и нов лидеркса средба, но според него нови избори нема да решат ништо и поради тоа ДУИ не ја прифаќа оваа опција за излез од кризата. Претседателството на ДУИ ќе седне на заедничка маса идната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top