| четврток, 6 декември 2018 |

Загина скопјанец на патот Велес-Штип

Во сообраќајна несреќа денеска околу 15 часот на патот Велес – Штип во близина на селото Лозово загина 63 годишен скопјанец, кој бил сопатник во автомобилот марка „Шкода“ со скопски регистерски таблички.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека на лице место е загинат сопатникот во возилото, а возачот е со повреди.

Брзата помош од Свети Николе повредениот возач ќе го хоспитализира во најблиската болница. Според првичните информации до несреќата дошло, кога патничкото возило „Шкода“ излетало од коловозот. Во тек е увид на лице место од страна на Јавен обвинител од Свети Николе и увидна екипа од Полициската станица во Свети Николе. Панајотова вели дека по извршениот увид ќе се утврдат причините за нересќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top