| четврток, 6 декември 2018 |

Туристичката понуда на Сицилија: Запознајте ја мафијата

Италијанската туристичка агенција во градот Трапани, во западниот дел на Сицилија, добила идеја да организира така наречена “мафијашка тура” односно прошетка низ неколку локации поврзани со таа криминална организација, што предизвика и незадоволство меѓу локалните власти.

Сопственикот на агенцијата, Џани Гриљо ја исправил понудата на својот веб сајт и наместо мафијашка тура, напишал анти-мафијашка тура, меѓутоа полемиката со властите продолжила.

“Тоа е лудост и навреда за целиот град” – изјави градоначалникот Вито Дамиано

Меѓутоа сопственикот на агенцијата одговори дека оваа тура е од информативен карактер, а нејзиното мото е “Мафијата убива, но убива и молчењето”.

Турата е сѐ уште дел од понудата и опфаќа посета на музејот посветен на мафијата и места каде што престојувале најозогласените криминалци.

Во Италија постојат четири организирани криминални групи. Н’дрангета важи за најмоќна и најсурова, а останатите се Коза ностра, Камора и Сакра корона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top