| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ заплашува со СЈО: Подобро да бидам обвинет заради родољубие, отколку да бидам награден за велепредавство

toni

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев ќе работи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

-После настапот на ТВ Телма 📺 со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие 🇲🇰, отколку да бидам награден за велепредавство, пишува Милошоски.

an

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top