Кошмарот пристигна за сите тие што помислија дека со своите криминални дејства и со помош на шпионските здруженија на „странците“, со нивните посредници и искомплексирани плутократи, како и со сите тие политички полумртви структури од бриселската евробирократија ќе се дограбат до власта, која толку долго ја сонувале.
Но, место власта, им дојде еден огромен кошмар, и тоа на јаве.
Настрана тоа што веќе подолг период сонуваат кошмари, овој пат овие ужасни сништа на нивната потсвест се претвораат во реалност.
Фанатизмот на криптокомунистите, кои во меѓувреме се преобразија во најординарни криминалци – какво назадување во нивната општествено-политичка еволуција, не им дозволи за долг временски период да се соочат со реалните чувства на народот и, слепи за овие предупредувања, продолжија да се прават недоветни, да го игнорираат сѐ побунтовниот порив на граѓаните, додека тој не кулминира во гигантски протести, кои како катаклизмично цунами за нив надоаѓа за да им стави крај на нивните беззаконија, лаги и аморал.
Сега кошмарот е пред нивните очи и тие, претставниците на разурнатиот Комуњарец и трите карикатурални балистички банди, замаскирани во политички партии, веќе не можат да го игнорираат со просто затворање на очите или со пикање на главата в песок како ноеви.
Тука, впрочем, нема песок, тука има асфалт и обидот да се скрие, да се набие главата во оваа тврда супстанција може да биде многу болно искуство, посебно ако некој шегаџија се обиде да им помогне и посилно да им ги притисне празните глави кон асфалтот.
Во ваква сосема можна ситуација, која, без сомнение, во секој момент може да излезе од овој непредвидлив кошмар, тие ќе почувствуваат стравотни болки во главата, која при ваков тип операции пука како тиква.
Затоа овој кошмар за нив е ужасно собитие, тие, колку и да се истренирани за самоцензура и за ментално извртување на реалноста во своја корист и на бенефит на нивните нескромни и нереални очекувања, сепак, веќе не можат да го игнорираат тоа што непоколебливо и неодбранливо оди кон нив, а тоа е гневот на народните маси, кои од ден на ден станува поголем, а носителите на овој праведен бес се сѐ помногубројни и помногубројни.
Дваесет и пет години овие гадни и одвратни опортунисти од Комуњарец и од балистичките банди ги мамеа и манипулираа луѓето на македонската република како зелени експериментални глувци и долгоопашести врескачи, но, еве, дојде и тој ден, кога сите овие луѓе решија дека им е доста и дека веќе нема да ги трпат овие измамници и криминалци, овие предавници и злосторници и ќе ги постават таму, каде одамна требаше да бидат, исфрлени на ѓубриштето на историјата.
Кошмарот дополнително се засилува откако македонските граѓани го отфрлија лажниот авторитет на тие несреќни карикатури и кловнови од Брисел и им дадоа црвен картон, со што им порачаа дека се целосно разоткриени и разобличени.
Кутриот лакеј на Соросовите дисаѓи – Хан, се соочи со реалноста на својата гротескност и немоќ и брзо избега од стварноста на овој, за него и неговите послушни глувци од Комуњарец и од балистичките банди, вистински кошмар, за во бриселскиот хаос и депресија да фати малку спокој.
Соништата ќе му бидат и понатаму кошмарни, но и прекогнициски.
Тука, во Скопје, тој не само што доживеа политички и личен пораз, туку го виде и никулецот на тој процес, кој сѐ повеќе расте и надоаѓа, се шири и го голта сето тоа што претставувало идеал и парадигма за него и за сите други искорумпирани структури од ЕУ, што веќе со децении ги упропастуваат народите на Европа преку својата идиотска и криминална политика.
Сега ова што почна во Скопје и во Македонија, а што веќе го гледаме и во Америка и во делови од Европа, ќе пламне како гигантска глобална револуција на антиглобалистичките сили во западната цивилизација. И тука нема назад, часовникот на историјата, како што веќе ни објаснуваше тој британски несреќник, емисар за лаги и за измами, не се враќа.
Кошмарот неминовно доаѓа за Комуњарец и за балистичките семкари, но тој оди и во другите краишта и полека, но сигурно, се претвора во еден општочовечки порив за слобода и за правда.
Нема бегство од оваа потера на народните маси, гладни и жедни за правда. Илјадници ловци ги натегнаа своите чифтиња и не им паѓа на памет од овој лов да се вратат со празни раце.
А потоа, кога ќе го довршат и последниот чин, ќе следува голема гозба за победниците. Тоа ќе биде раскошна, барокна вечера, на која ќе бидат сервирани разни деликатеси од дивеч: зајци, тетреби, фазани, препелици и по некоја дива свиња ќе се прелеваат од гигантскиот астал со лавовски нозе. Кошмарот доаѓа…
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст