| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе пиеме и јадеме – се зголемува производството на млеко и свинско месо

mleko

Државниот завод за статистика денеска објави дека минатата година биле произведени 403.044 илјади литри кравјо млеко што е за 11, 6 проценти повеќе во однос на претходната година.

Зголемување на производството е забележано и кај овчото млеко за 0,8 проценти и кај козјото млеко за 24,2 проценти во однос на 2015 година.

Зголемено е и вкупното производство на месо за 2,7 проценти. Пораст од 18,1 процент има и кај производството на свинско месо, додека производството на другите видови месо е  намалено.

Од другите добиточни производи, во 2016 година забележано е намалено производство на волна и на производството на јајца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top