Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ во Сплит изјави дека декларацијата за заеднички јазик е нешто сосема маргинално, за што не треба да се дискутира.
– Денес во Хрватска има толку многу проблеми, повеќе од 40.000 работни места висат на конец и повеќе од 100 илјади лица се поврзани со кризата што ја претрпува „Агрокор“ и од тоа зависи нивната егзистенција, нагласи Китаровиќ, од која новинарите бараа коментар во врска со Декларацијата за заеднички јазик. Декларацијата за заеднички јазик, што беше претставена вчера во Сараево, е создадена по регионалната конференција „Јазици и национализам“. Во декларацијата, меѓу другото, стои дека Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија „користат стандарден јазик од полицентричен тип“ и дека „четири називи за стандардни варијанти не значи дека се тоа четири различни јазици“.
Инсистирањето на малобројни постојни разлики и насилното раздвојување на четири стандардни варијанти доведува до повеќе негативни социјални, културни и политички појави, се наведува во декларацијата. Потписниците на Декларацијата бараат елиминација на сите форми на јазична сегрегација и дискриминација во образованието и јавните институции. Противниците на декларацијата наведуваат дека со неа се негира идентитетот на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст