Најдобрите студенти од првите три рангирани универзитети во Република Македонија, во согласност со Законот за високото образование и годинава ќе имаат можност бесплатно да патуваат и престојуваат на атрактивна туристичка дестинација во Европа, објави на својот профил на „Фејсбук“ заменик- министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
За оваа намена Министерството за образование и наука веќе го објави јавниот повик, кој ќе биде активен за пријавување до 13 април, а на избраните кандидати во целост ќе им бидат покриени трошоците за сместување, исхрана, авионски превоз.
Патувањето за најдобрите студенти е една од 40 мерки за млади што беа најавени минатата година и интензивно се реализираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ