Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на Првата механизирана пешадиска бригада.
-Таа е најголема борбена единица во чиишто редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови. Препознатлива е по досегашните борбени искуства и учество во мировните мисии во Авганистан и во Ирак, реализираните вежбовни активности и високите резултати од оценувањата, но и несебичната помош која припадниците на оваа единица им ја даваат на граѓаните на Република Македонија, секогаш кога тоа е потребно – соопшти Армијата на Република Македонија.
Поранешни команданти на Првата и на Втората механизирана пешадиска бригада и генерали во пензија на воената свеченост во касарната ќе ги запознаат присутните со значајните историски моменти од постоењето на бригадата.
– Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма во согласност со правилото за воен протокол со прогласување најдобра единица од составот на бригадата, свечено дефиле на единиците, како и тактичко-технички збор на кој посетителите ќе имаат можност да видат дел од орудијата, оружјето и опремата со кои располага бригадата – наведува АРМ.
Со одлука на претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на Првата механизирана пешадиска бригада е одреден 2 април – датум на кој оваа единица е трансформирана во согласност со новата организациско-формациска структура на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст