| четврток, 6 декември 2018 |

Проф. Веби Џемаили: „Св. Наум“ секогаш бил албански манастир, Македонија барајте си ја од Велес натаму

Свети Наум од памтивек бил на Албанија и на Албанците. Ќе бараме манастирот да ѝ се врати на Република Албанија. Вака професорот по историја Веби Џемаили, кој сега го охрабрува Заев да осуди измислен геноцид врз Албанците, пред неколку години бараше манастирот „Свети Наум“ кај Охрид да се спои кон соседна Република Албанија.

– Тоа не е територија на Македонија. Македонија барајте ја од Велес, па натаму. Охрид бил главен град на средна Албанија, а српската дипломатија во 1925 година го зела манастирот во своите граници – изјави Џемаили тогаш за весникот „Време“ како претседател на Здружението на албанските историчари во Македонија.

Според него, преземањето на „Свети Наум“ од страна на МПЦ било „класично крадење на историјата“.

– Има аргументи и автохтони сведоштва дека „Свети Наум“ бил црква на православните Албанци. Негови градители биле Албанци, а службите се воделе на албански јазик – изјави Џемаили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top