| четврток, 6 декември 2018 |

Мукоски: Ја продадовте државата за Тиранската платформа која ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати

krsto-mukoski

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски во обраќање до Радмила Шекеринска и соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ја одбило Тиранската платформа и дека тоа било причината што мандатот беше вратен.

Мукоски на денешната собраниска седница ја замоли Шекеринска да престане да ја замајува јавноста што ВМРО-ДПМНЕ прифатиле што не, бидејќи потписите ги доби СДСМ и СДСМ е должно да и објасни на јавноста што се прифатиле со Тиранската платформа.

Мукоски додаде дека прифаќајќи ја Тиранската платформа СДСМ ги продава државните и националните интереси, ја подгрева тензијата кај граѓаните и логично е граѓаните да реагираат.

Тој исто така нагласи дека еднаш СДСМ ја излажале јавноста со името, вторпат со знамето и територијалната распределба, ама дека трет пат нема да им успее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top