Министерството за обрана на Република Турција – Центар за картографски карти и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија денеска потпишаа Договор за соработка. Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Турција и се одржа во Центарот за картографски карти.
Како што информира Агенцијата, генералниот командант полковник од Центарот за картографски карти, Осман Алп, истакнал дека соработката помеѓу двете земји е значајна и историска.
– Ние, како Центар за команда со картографски карти, со своето искуство околу 200 години, со задоволство ќе ги споделиме мислењата и ќе соработуваме во однос на географската положба, образованието, технолошките трансфери, советодавните и заедничките проекти. Би сакал да го истакнам своето задоволство за што побрза и поефикасна соработка- истакнал Алп.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ Славче Трпески истакнал дека договорот е од големо значење за Македонија, бидејќи Центарот за картографски карти на Турција ја поддржува соработката меѓу двете земји преку посета на експертски тимови за развој на програмата, вклучувајќи и техничка соработка, одржување работилници за производство на картографски карти и одржување симпозиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст