Од „креативната работилница“ на Нокаут доаѓаат две новости: нов сингл и концерт во Колосеум.
Веќе од денес можете да го слушнете авторското дело на тандемот Никола Перевски-Пере и Владимир Крстевски-Франц, насловено како „Запомни тоа е сѐ што имаме“. На текстот повторно работеше Владимир Поп Христов, додека продукцијата е на „Нокаут“ и на Оливер Димитров.
Честа први да ја слушнат оваа песна отсвирена во живо, ќе ја имаат оние фанови кои на 8-ми јуни ќе бидат дел од концертот на Нокаут во летната дискотека „Колосеум“, со која бендот ја отвора новата активна летна сезона.
Во меѓувреме, Нокаут ќе работи на видеозапис за новиот сингл, на новиот албум кој е во завршна фаза, но и на подготовките за настапот на „Скопје гори“ на 14 јуни.
Влезниците за престојниот концерт од понеделник до четврток се по 200 денари, петок и сабота по 250 денари, на врата 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


