| четврток, 6 декември 2018 |

Управата се двоуми, Венгер сака да продолжи уште две години

arsen venger

Францускиот стратег Арсен Венгер би можел да остане уште две години во редовите на англсикиот премиерлигаш Арсенал, соопштува „Дејли мејл“.

Искусниот тренер веќе разговарал со управата и соопштил дека сака да потпише нов договор со клубот. Одлуката може многу брзо да биде донесена, но кај челните луѓе на Арсенал постои сомнеж дали треба Венгер да остане на клупата, со оглед на тоа дека од година в година лесно испаѓа од Лигата на шампионите. Исто така, кај управата влијаат и четирите порази во последните пет кола од Премиер лигата.

Навивачите долго време негодуваат и бараат Венгер да си замине. Французинот е на клупата на Арсенал од далечната 1996 година, а со тимот има три титули во Премиер лигата (1997–98, 2001–02, 2003–04), шест титули во ФА Купот (1997–98, 2001–02, 2002–03, 2004–05, 2013–14, 2014–15) како и шест трофеја во Комјунити Шилд (1998, 1999, 2002, 2004, 2014, 2015).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top