Пратениците попладнево ја продолжија конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Претходно, на координација, како што информира претседавачот Трајко Вељаноски, било договорено седницата да продолжи без процедурални забелешки.
Седницата и денеска почна со серија процедурални забелешки на различни теми, поради што беа давани неколку паузи. За дискусија се пријавени 51 пратеник, а во изминатите три дена само тројца го искористија правото на збор.
Пратениците од ВМРО-ДПМНE повторно побараа да се каже што е договорено со ДУИ и СДСМ да се откаже од тиранската платформа, а како единствен излез од политичката криза го посочија одржувањето предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Нивните колеги од СДСМ, пак, побараа да се престане со кршење на Деловникот и со „силувањето“ на парламентот.
Дамјан Манчевски од СДСМ во процедурално обраќање посочи дека постојано се крши Деловникот и додаде дека уште на 30 декември минатата година „било испланирано сценариото за одолжување што се спроведува на седницата“, кога, како што рече, Трајко Вељаноски беше одреден да претседава со Собранието, место најстариот пратеник како што беше практика досега.
Петар Атанасов од СДСМ побара од претседавачот Вељаноски да се повлече и да му овозможи на најстариот пратеник да ја води седницата за, како што рече, да има продуктивна работа.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара што е можно поскоро во јавноста да излезе законот за јазици што го договориле СДСМ и ДУИ и додаде дека како што Албанците во Македонија бараат да се почитуваат нивните права, така бараат и Македонците, Турците, Бошњаците, Власите, Ромите,…
Во реплика Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека е недозволиво некој пратеник да не ја почитува химната на Македонија и да не станува во нејзина чест.
Стефан Богоев од СДСМ, пак, побара да престане, како што нагласи, небулозната дискусија со реплики и контрареплики и да и се овозможи на државата да оди напред.
Љупчо Димовски од СПМ нагласи дека граѓаните на нови и брзи непосредни парламентарни избори треба да одлучат дали ја поддржуваат тиранската платформа и се она што го договорило СДСМ со партиите од албанскиот блок за создавање постизборно ново парламентарно мнозинство.
Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека работата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е многу одговорна и затоа, како што рече, не е сеедно кои пратеници ќе бидат избрани за претседател и нејзини членови. Додаде дека во минатото во Собранието за само еден ден и набрзина се носени многу одлуки кои имале далекусежни последици за земјава, како што се приватизацијата, откажувањето од Македоците во соседството, доделувањето државјанства на косовски граѓани, новата територијална организација,…
По неговото обраќање следеше серија дофрлувања од место поради што претседавачот Вељаноски ја прекина седницата и даде пауза, со цел пратеничките групи да се договорат како ќе продолжи работата на Собранието бидејќи со процедуралните говори, како што посочија, целосно се блокира суштинската дебата.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом. Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за избор на претседател на парламентот што е една од точките на седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст