Иако со години низ целиот свет се користи оваа фраза како објаснување за бакнувањето со јазик, оние по кои е крстен ваквиот вид бакнеж, дури во 2014 година ќе добијат и литературна поддршка. Имено, Французите досега во нивниот официјален речник го немаа овој збор (на француски – galocher) бидејќи тој беше сметан за сленг.
Изразот „француски бакнеж“ („French kiss“), кој првично бил нарекуван „Фиренца бакнеж“ („Florentine kiss“), се смета дека е доведен во англиското говорно подрачје од страна на војниците кои се враќале дома по Првата светска војна. Во тоа време, Французите имале репутација на мажи и жени со големи авантуристички и сексуални практики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


