Енис Барди е македонската ѕвезда на која треба да се обрне внимание на Европското првенство во Полска. Официјалниот сајт на УЕФА го истакна играчот од средината на теренот како еден од најголемите наши адути на ова ЕП.
– Барди веќе има осум голови во 18 настапи во првата лига за својот тим и покрај тоа што е тој играч од средината на теренот, тој е еден од најефикасните играчи на оваа позиција. Исто така постигна два гола за својата репрезентација за време на квалификациите и од него тргнуваат сите акции кон нападот – се вели во текстот на УЕФА.
Ова е навистина голема чест за Барди, кој се најде во друштво на Пјотр Зелински (Наполи, Полска), Мартин Чриен (Викторија Плзен, Словачка), Александер Исак (Борусија Дортмунд, Швведска), Желсон Мартинс (Спортинг Л., Португалија), Андрија Живковиќ (Бенфика, Србија), Марко Асенсио (Реал Мадрид, Шпанија), Патрик Шик (Сампдорија, Чешка), Каспер Долберг (Ајакс, Холандија), Матијас Гинтер (Борусија Дортмунд, Германија) и Доменико Берарди (Сасуоло, Италија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.