Граѓаните веќе 31 ден се на улиците низ градовите низ целата држава. Тие во Скопје секој ден поминуваат покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, која лани по насилните протести беше затворена, а како што кажа еден од главните органозатори Богдан Илиевски, само неколку по почетокот на овие протести, таа повторно е отворена за граѓаните.
-Триесет и еден ден доаѓаме пред оваа канцеларија, првиот ден беше затворена, беше споменик на минатогодишните настани, на насилните демолирања, на рушењето, на крадењето и на палењето. Неколку дена од почетокот на нашите протести, оваа наша канцеларија беше повторно отворена за народот на Република Македонија. Благодарни сме за тоа и за цврстиот став на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го позадравуваме. Ја повторуваме нашата поддршка да истрае во својот принципиелен став, да не подлегне под притисоците. За таа цел денеска симболично ќе му оставиме уште еден подарок, колаж цртежи направени за време на викендов од најмладите поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“, изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст