| четврток, 6 декември 2018 |

Запознајте го семејството Хитлер: Тој е мојот херој, тој ја спаси Германија!

Самопрогласениот „нацистички татко“ од САД, законски смее да го користи презимето Хитлер после 8-ми мај

Исидор Хит Кембел од американската сојузна држава Пенсилванија е познат по својата опседнатост со нацистите, добил дозвола од судот да го промени своето презиме во Хитлер.

Самопрогласениот „нацистички татко“ од САД, законски смее да го користи презимето Хитлер после 8-ми мај. Кембел ѝ стана познат на јавноста во 2008-ма година кога една слаткарница одбила да му направи роденденска торта која што ја порачал за неговиот син.

Имено, од слаткарницата одбиле да му ја направат тортата затоа што на неа побарал да биде напишано „Среќен роденден Адолф Хитлер Кембел“.

Тој во 2013-та година повторно се најде во американските и светските медиуми откако за време на сослушувањето после притворањето на неговиот син – Хајнрих Хонс Кембел, во судот пристигнал со нацистичка униформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top