Пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор пред пратениците, денеска посочи дека Комисијата за прашања на изборите и именувањата е најважна комисија во Собранието на Република Македонија.
Тој во својот говор нагласи дека оваа комисија со своите одлуки во иднина треба да дава насоки за функционирањето на Собранието.
Токму затоа Илиоски посочи дека за да се формира комисијата мора предходно да се разјаснат сите прашања односно сите постизборни конструкции кои што имаат за цел редефинирање и и воведување на двојазичност.
Во својот говор Илиоски потсети дека граѓаните на Република Македонија на последните парламентарни избори не гласаа за никакви платформи, двојазични банкноти, униформи менување на химната, знамето, воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија и се друго што содржи Тиранската платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.