| четврток, 6 декември 2018 |

Мукоски до Заев: Излези пред јавноста и барем еднаш не лажи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски во процедурална забелешка од собраниската говорница му посочи на Зоран Заев еднаш да собере храброст и да излезе пред македонската јавност и да признае дека ја прифатил Тиранската платформа.
– Излези на оваа говорница и кажи пред македонската јавност има или нема платформа. Колегите од ДУИ кажуваат и тука ни ја читаат палтформата, а ти упорно ја лажеш јавноста дека не постои никаква платформа – рече Мукоски.
Мукоски исто така им порача на СДСМ да престанат да лажат и наместо кукавички да се обидуваат да ја протнат Тиранската платформа да излезат со неа на нови избори па граѓаните нека кажат дали се за оваа платформа или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top