| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките од третиот барабан ќе ја чекаат ждрепката за квалификации за ЕП

makedonska zenska rakometna reprezentacija

Женската ракометна репрезентација на Македонија на 21 април ќе ги дознае противниците во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2018 во Франција. Квалификациските групи ќе бидат одредени со ждрепката што ќе се одржи во Париз.

Македонија е сместена во третиот барабан заедно со селекциите на Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција.

Во првиот барабан се носителите на групите: Норвешка, Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија и Црна Гора.

Во вториот барабан се: Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка и Хрватска, а во последниот барабан се: Италија, Исланд, Литванија, Португалија, Швајцарија и победниците од двете претквалификациски групи.

barabani

Со ждрепката ќе бидат одредени седум групи со по четири репрезентации. Првите две селекции од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација ќе обезедат учество на ЕП 2018 во Франција. Директен пласман на шампионатот има само домаќинот Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top