| четврток, 6 декември 2018 |

Меј e против втор референдум за независноста на Шкотска

Британската премиерка Тереза Меј одби да биде разгледано прашањето за спроведување втор референдум за независност на Шкотска.

Меј даде изјава како одговор на лидерот на парламентарната група на Шкотската национална партија во Долниот дом на Парламентот. Таа рече дека британската Влада ќе ја претставува Велика Британија во преговорите со Брисел за напуштање на Европската унија.

– Би сакала да му напомнам на Ангес Робертсон дека Шкотска е дел од Обединетото кралство. Сега не е време да се разгледува втор референдум за независност, изјави Меј во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top