| четврток, 6 декември 2018 |

Меј: „Нема враќање назад“ Велика Британија ја напушта ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј денеска ги информира пратниците во британскиот Парламент дека официјално е покренат членот 50 од Лисабонскиот договор и дека „Велика Британија на напушта ЕУ“.

– Денеска стапи во сила демократската одлука на народот на Обединетото Кралство за излез од ЕУ, изјави Меј во обраќањето во Парламентот.

Таа ги повика Британците да останат единствени, со цел да се обезбеди „најдобар можен договор“ за земјата.

– Британија ќе остане посветен партнер на Европа, нагласи Меј, додавајќи дека Лондон ќе се стреми кон договор за идно партнерство со ЕУ и за утврдување на условите за напуштање на блокот.

Меј нагласи дека денешниов ден е историски за Велика Британија и дека по активирањето на постапката за Брегзит повеќе „нема враќање назад“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top