| четврток, 6 декември 2018 |

Изјави на љубов на Твитер: Вал Килмер ја прогонува Кејт Бланшет

Кејт Бланшет (47) е среќно мажена, мајка на четири деца, но тоа не го спречи нејзинот колега Вал Килмер отворено да и се додворува на социјалните мрежи.

Минатиот викенд Килмер (57) на Твитер објавува постови посветени токму на Кејт и на своите чувства кон неа.

Се започна на твит во кој се наведува дека Килмер одлетал до Австралија за да ја види колешката, а потоа се случило нешто неочекувано, наместо актерката, Вал го пречекал нејзинот сопруг Ендрју Аптон.

– Јас еднаш заминав во Австралија само за да можам да разговарам со Кејт. Нејзиниот сопруг прв ме пречека. Односно, ме пречека наместо неа, да бидам попрецизен, напиша актерот, а потоа откри дека ја сонувал Бланшет.

– Неодамна ја сонував два пати. А нејзинот сопруг не беше во ниту еден сон, стои во твитот.

И додека сите мислеа дека тука е крај на објавите за Кејт и чувствата, Килмер не застана, еден ден подоцна продолжи да пишува за неа и се потсети не нивните средби.

– Таа приватно е прекрасна. Некои големи ѕвезди не се. Кетј толку е реална што е невистинска, го изрази тој неговото воодушевување.

Кога тој наиде на неодобрување од корисниците на оваа социјална мрежа, Вал се обидуваше да се оправда и додаде дека не мислел ништо лошо.

– Таа ми е пријателка и го запознав и нејзиноит сопруг пред неколку години и се согласуваме одлично. Сите мислат дека треба да го намалам ентузијазмот кога станува збор за ретки уметници, не разбираат колку е тешка нашата работа и колку сметаме на поддршката на колегите. Кејт ќе поддржи се што зборувам и ќе и се допадне што ја сакам, заклучи тој.

Бланшет се` уште нема реагирано на „изливите на љубов“ од страна на Килмер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top