Наместо возилото да се става на компликувани уреди и да се прегледува 30 до 35 минути, на неговиот компјутер се приклучува адаптер, кој преку друг компјутер за десетина минути покажува во детали во каква состојба е возилото. Германија новиот начин на технички преглед го применува повеќе од една и пол година, а искуството покажува дека цената паднала за два до три пат, пишува „Вечер“.
Скратување на времетраењето на техничкиот преглед на возилата на десетина минути и негово драстично поевтинување ќе овозможи замената на класичната проверка на автомобилите со контрола со ИТ уред, која произлегува од новите европски директиви. Македонија ги почнува подготовките за преминување на новиот, поефикасен начин на вршење на техничкиот преглед, кој освен предностите што им ги дава на сопствениците на возила, влијае и на подобрување на безбедноста на собраќајот и на зачувување на животната средина, а и ги елиминира субјективните влијанија.
Експерти од “Тув Норд Германија”, во соработка со “Аутомакедонија”, МВР и универзитетски професори вчера ги презентираа новините во техничкиот преглед на возилата содржани во директивите на ЕУ, како и начинот на кој работи ИТ уредот за технички преглед, кој ги дава сите податоци за автомобилот, од функционирањето на воз
– Знаете дека во Македонија во последните три години има влез на над 200.000 возила и се отвора дилемата кој ќе му гаранитра на купувачот дека возилото е технички исправно и на кое ниво му е техничката исправност. Денеска презентираме еден адаптер, со кој без ставање на возилото на некои компликувани уреди, како на пример кочниот тестер, за неколку секунди се добиваат сите информации за техничката исправност на возилото. Во Германија тој е во примена повеќе од една и пол година и веќе се тестирани над 55 милиони возила, оформена е феноменална база и значително е подобрена безбедноста во сообраќајот, вели генералниот директор на “Аутомакедонија”, Зоран Василевски, и појаснува дека Македонија како аспирант за влез во ЕУ има иницијатива и обид за побрзо вклучување кон современите текови.
Тој објаснува дека во Германија со примена на адапотерот цената на техничкиот преглед е падната за два до три пати, но од друга страна, потреби се искусни луѓе, обучени инженерски тимови кои ќе ги вршат прегледите. Додава дека за примена во Македонија ќе биде потребна и интервенција во законската регулатива, во склад со соодветната директива на ЕУ, кон која членките на Унијата треба да се адаптираат до јуни 2018 година.
– Сегашниот технички преглед трае некаде околу 30-35 минути. Со овој уред значително ќе се намали времето, може да трае и до 10 минути, квалитетот е многу поголем и што е најбитно, субјективноста при оценката ја нема, се е оставено во рацете на инженерот и на компјутерот, истакна Василевски.
Вилфред Бартелс, водечки меѓународен експерт за станици за технички преглед од “Тув Норд Германија#, објаснува дека адаптерот за проверка на возилата се вклучува во компјутерот на возилото и е поврзан со компјутер на кој се прикажуваат податоци за исправност на деловите и целото возило.
– Министерството за внатрешни работи прави анализи на структурата на возилата, имајќи го во предвид и старосниот просек на возниот парк во Република Македонија. Од направените анализи ќе произлезе информацијата кога ќе почне да се применува оваа директива, а несомнено е дека таа треба да биде применета и во Република Македонија, вели Васе Чупарковски, началник на единицата за сообраќајни работи во СВР при БЈБ во МВР.
Тој информира дека бројот на возилата во Македонија во последните неколку години се зголемил за околу 200.000, но притоа во значителна мера се подобрила просечната старост на возниот парк.
– Од нашите анализи и базата на податоци што ја имаме во МВР, во моментов пет до седум проценти од возилата кои се користат на патиштата не поминале во однос на издувните гасови при проверката на техничката исправност. Од аспект на загадувањето, сигурно дека и возилата придонесуваат, но според анализите што ги добиваме од Министерството за економија, тоа учество не е поголемо од 10 проценти, додава тој.
Според податоците на МВР моментално во Македонија има 452 илјади возила, додека пред 2012 година, кога имаше поголем увоз, низниот број изнесуваше 350.000. Но, во 2012 година просечната старост на возилата беше над 20 годиини, а сега е падната на 14 години.
– Според нашите анализи бројот на сообраќајните незгоди за кои причина е технничка неисправност на возилата се движи околу еден процент, Меќутоа, од вкупниот број возила што одат на технички преглед, според нашите анализи, дури 10 проценти не поминуваат и се враќаат назад. Во секој случај, гледаме позитивно на примената на новите, иновативните и напредните технологии во однос на подобрување на безбедноста во сообраќајот, потенцира Чупарковски.