| четврток, 6 декември 2018 |

Џака ја напушти Албанија, селекторот Бјази му порача: Не си ни Пеле ни Марадона!

talant dzaka

Еден од најдобрите фудбалери на Албанија, Талант Џака вчера изненадувачки ја напушти репрезентацијата на Албанија. Одличниот фудбалер на Базел поради недоразбирања со селекторот Џани де Бјази одлучи да бојкотира и не настапи на синоќешниот пријателски натпревар против Босна и Херцеговина (1-2).

За оваа ситуација веднаш се одлучи да проговори искусниот Италијанец, кој смирено му даде на знаење на Џака дека ниту еден фудбалер не е незаменлив, па дури и тој.

– Во селекцијата на Албанија сите се еднакви и можеме без секого. Џака не е ни Пеле, ни Марадона. Тој не е фудбалер без кого не може Албанија – изјави Бјази.

Селекцијата на Албанија е во иста квалификациска група со Македонија, а нивниот дуел со Џака или без на терен е закажан за на 5 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top