| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една лажна вест на Соросовите медиуми: Македонија не се споменува во резолуцијата на ЕПП

Опозициските медиуми, пред сè Алсат телевизија и Нова ТВ на Борјан Јовановски, а потоа и останатите објавија вест дека во Малта на Конгресот на Европската народна партија ќе се гласа Резолуција со која се осудува радикалната реторика и постапките кои претставуваат закана за мирот и стабилноста од страна на Македонија.
Тоа воопшто не е точно и се работи за лажна вест. Фактите се дека во нацрт-резолуцијата која е јавно достапна не се споменува во ниту еден сегмент Македонија, а ниту пак на било кој начин се имплицира на нашата земја.

Резолуцијата која ќе ја донесе Европската народна партија е документ во кој се вели дека државите од Западен Балкан се блиски партнери на ЕУ, проширувањето на Европската Унија останува приоритет и е една од најуспешните политики.

Според документот, Европската унија треба да обезбеди визија и јасна перспектива на земјите од западен Балкан и треба да ја зголеми финансиката поддршка. Преку резолуцијата се осудува исламскиот радикализам, и се стимулира дебата со цел да се постигне стабилност, и мир како долгорочна цел.

Европската Народна партија ќе се заложи за продолжување на соработката и интегрирање на Западен Балкан во Унијата, се осудува секакво негативно мешање на надворешни фактори, и дека секоја држава аспирант мора да биде оценувана според систем на заслуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top