Два натпревари и гол – разлика 6-0 за Македонија. Нашиот голман Столе Димитриевски ниту еднаш не ја вадеше топката од својата мрежа. Мерак. Убавина. Како што вели, не знае за што повеќе да се радува. А душата полна.
– Прекрасно е чувството за еден голман кога мрежата ќе мирува по 180 минути. Но, уште поубаво е кога репрезентацијата ќе победи двапати во серија. Душата ми е полна. Верувам дека и на македонските љубители на фудбалот. Мислам дека конечно заслуживме вако развој на настаните. Имавме многу малерозни моменти во изминатиот период, но работевме напорно и тоа даде резултат. Атмосферата во националниот тим секогаш била на завидно ниво, но, секако, победите си носат и дополнителна радост – вели Столе Димитриевски.
На стартот од квалификациите бранеше Захов, потоа на голот застана Богатинов, во Шпанија требаше да брани Алексовски, но се повреди на загревањето и местото му припадна на Столе Димитриевски. Оттогаш, веќе три натпревари е стандарден на голот на репрезентацијата. А следна е – Шпанија.
– Не можеме да и се закануваме на Шпанија. Но, ветувам дека и јас и сите фудбалери ќе го дадеме својот максимум. И имам една голема желба. Нашите македонски фанови да го исполнат стадионот и да навиваат за нас. Да дојдат за нас, а не за Шпанија. И знаете, со 36.000 гледачи во позадина, можеби и можеме да направиме чудо – порачува Столе Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донарума заплака по навредите од навивачите (видео)
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија