Денеска граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го имаше својот 30-ти ден протести, кои се одржуваат низ целата земја, а на улица константно излегуваат повеќе од 100.000 граѓани.
Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива Богдан Илиевски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител изјави дека многумина не верувале дека граѓанската иницијатива ќе опстои волку долго, но дека тој лично не е нималку изненаден.
-Точно 30 дена протестираме, бројка која некому на почетокот му се чинеше незамислива, дека граѓани кои ја поддржуваат „За заедничка Македонија“, ќе опстојат, истрајно и одлучно позади своите ставови. Меѓутоа нас не само што не не изненади, дополнително не охрабрува и убеден сум дека можеме да продолжиме колку што е потребно, до исполнување на нашите конечни цели и барања. Точно е, се остваруваат, нашето присуство на улиците има огромно значење, се започна со моментот кога претседателот на државата одлучи да не го додели мандатот за формирање на влада базирана врз тиранската платформа, изјави Илиевски.
Иако претходно имаше најави дека влада ќе има до 10 март, па до 24 март, Богдан Илиевски вели дека голем успех на граѓаните кои се улица е што се уште нема влада која би била базирана на тиранската платформа.
-Имаше најави дека на 24 март ќе формираат влада, тоа не е се случи, благодарение на граѓаните кои излегуваат секој ден на улиците овие 30 дена, на повеќе од 40 локации низ Македонија, во сите градови и големи населени места. Уште една мала победа за граѓаните на улица и доказ за значењето на нивното присуство беше посетата на еврокомесарот Хан, тој одби да се сретне со претставници, како што тоа порано го правеле негови соработници, со претставници на граѓани кои се на улица, меѓутоа исто така му кажано од претседателот дека местото му е токму со нас, ако сака да зборува за иднината на државата, треба да зборува со луѓето кои секој ден се стотина илјади на улиците на Република Македонија, вели Илиевски.
Како победа за граѓаните кои секојдневно се на улиците, Илиевски смета дека и тоа што не е избран претседател на Собранието, кој не ја отфрлил и осудил тиранската платформа.
-И денеска и вчера обидите за гласање и бирање на претседател на собранието, кој не отфрлил и не ја осудил тиранската платформа, што е наше барање, иако постоеја обиди да се случи, тоа не се случи, ова се значајни успеси за граѓаните на улица, кои што не можат да се занемарат, а се такви поради нашето секојдневно присуство на улиците, како и одлучноста, силината, цврстата волја со која луѓето се на улицата. Нивната намера е чиста, љубов кон Република Македонија и задржување на нејзиниот карактер онаков каков што е, вели Илиевски.
Тој порача и дека многу победи дошле, но некои допрва ќе доаѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст