| четврток, 6 декември 2018 |

Утре продолжува конститутивната седница

sobranie1

Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи утре конститутивната седница на која пратениците расправаат по изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Продолжението утре и сите наредни, како што се договориле на работната средба што се одржа на паузата парламентарните партии, ќе почне во 11 часот.

Оливер Спасовски од СДСМ по паузата истакна дека пратениците покажуваат една крајна недоследност во почитувањето на Деловникот, и злоупотребата на процедуралниот институт и на реплицирањето.

– Да ставиме крај на сето ова и да имаме некаков нормален тек на седницата, да се знае за што разговараме, рече Спасовски и додаде дека  Собранието треба да продолжи да работи затоа што тоа е во  интерес на граѓаните.

Едночасовната пауза претседавачот Трајко Вељаноски ја даде по барање на координаторот на пратеничката група БЕСА Африм Гаши кој побара да се одржи работна средба на претставници на парламентарните партии за да се договори текот на работата на седницата.

Попладневно во дебатата преовладуваа дискусии околу тиранската платформа и употребата на јазиците. Претениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да го претстават договорениот закон за јазиците со албанските партии во земјава, додека од СДСМ забележуваа дека треба да се дебатира за составот на Комисијата.

На оваа седница на дневен ред е и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top