| четврток, 6 декември 2018 |

Фалсификувал потпис на мртовец за да си го присвои имотот

dokumenti

Постар кумановец се обидел со фалсификуван купопродажен договор за да пригаби имот на сограѓанин, но легалните наследници, синови на починатиот, го откриле и го пријавиле во полиција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.И(64) од село Орах – Кумановско за кривични дела фалсификување пари и поднесување лажни докази.

Пријавениот, со намера да се здобие со право на сопственост врз недвижен имот, изработил и прикажал лажен договор за купопродажба на недвижен имот, наводно, склучен меѓу пријавениот, како купувач, и покојниот Б.Б, татко на М.Б(50) и М.Б (50), двајцата од Куманово и го употребил во судска постапка пред Основен суд во Куманово, кој донесува пресуда во корист на пријавениот за упис во Агенцијата за катастар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top