Младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, денеска од 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ против Бугарија ќе го има веројатно последниот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство кое не очекува во јуни во Полска.
Согласно програмата за подготовки, иако оставена можноста за евентуално уште еден тест дуел, сепак ова најверојатно ќе биде последната контрола пред континенталниот шампионат.
Со вклучени сите сили на кои ќе се смета за Полска, со исклучок на повредениот Енис Барди, селекторот Благоја Милевски посакува нов квалитетен натпревар од своите избраници, како потврда на се досега сработено.
– И претходно кажав дека за нас секој натпревар е важен, без разлика од каков карактер е. Така ќе биде и против Бугарија, на кој секако шанса ќе добијат повеќе фудбалери, но желбата е да се продолжи со досегашните изданија – вели Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.