Три пати вратен на бис по редовната програма, едно музичко изненадување за публиката и роденденско изненадување за директорот на Центарот за култура, беше дел од спектакуларниот концерт изведен синоќа во Центарот за култура на маестро Роби Лакатош, кој беше гостин на првиот концерт на Камерниот оркестар од Битола за оваа календарска година.
Светски познатиот виолинист Роби Лакатош заедно со Камерниот оркестар на Битола, синоќа одржаа спектакуларен концерт во Центарот за култура во Битола. Во преполната сала, битолчани уживаа во леснотијата на изведбата на виолината на Лакатош, кој ден претходно ја најави програмата на прес конференција.

Лакатош преку своето музицирање успеа да им ја пренесе енергијата и на членовите на Камерниот оркестар на Битола, кои се надминаа себеси на овој концерт следејќи го големиот мајстор на виолина Роби Лакатош, надополнето со музиката на цимбало во изведба на Јено Лиштес, и темпераментното диригирање на гостинот диригент од Ниш, Зоран Станисављевиќ. Директорот на Центарот за култура го најави овој прв концерт за годинава на Камерниот оркестар на Битола.
На концертот синоќа, Лакатош и приреди вистинско изненадување на битолската публика. По редовната програма, беше три пати вратен од битолската музика на сцената. Првиот бис донесе сплет на македонски народни песни, а започна со Битола мој роден крај. Вториот бис беше роденденска честитка за директорот на Центарот за култра Борче Димитровски, а на третиот бис Лакатош отсвири посебна верзија на Аве Марија, специјално наменета за него.

извор: тв.орбис
фото: Димитар Петковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


