| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од Кавадарци повторно без вода

Дел од Кавадарци утрово е без вода за пиење поради санирање на воздушен вентил.

Според раководителот на организациската единица за водовод и канализација при ЈП „Комуналец” Марјан Прескакулев, се работи за воздушен вентил близу реката Луда Мара.

Како што информираПрескакулев, вода немаат улиците „Блажо Алексов” и „Видое Смилевски”, а дефектот треба да се отстрани најдоцна до 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top