| четврток, 6 декември 2018 |

Пораки, цртежи, па дури и пцости – гласачкото ливче ќе важи доколку го има и ова (ФОТО)

Гласачкото ливче на кое ќе биде нацртан Бетмен или допишан Новак Ѓоковиќ, Џејмс Бонд, или која било друга позната личност или лик, ќе се смета за важечко, под услов гласачот, покрај чкртаниците, правилно да го заокружил или подвлекол името на кандидатот за кој гласа.

1

Според новите правила на Републичката изборна комисија на Србија, на престојните претседателски избори во земјата гласачите ќе можат да се изразуваат креативно колку што сакаат, доколку на крајот, сепак, го завршат своето гласачко право.

Комисијата реши да биде многу потолерантна кон овие гласачи. Иако порано немало дилеми и за важечко гласачко ливче се сметало само тоа на кое уредно е заокружен кандидатот, новите правила изгледаат дозволуваат цртање, шарање, пишување пароли, пораки, допишување имиња…

3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top