| четврток, 6 декември 2018 |

Кичевчани во голем број на улиците порачаа: Бараме итно повлекување на тиранската платформа и организирање нови избори

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи грѓанскиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија”.

Протестот почна со интонирање на химната на Република Македонија во изведба на Христијан Тришоски. На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на граѓанската иницијатива им се обрати на сограѓаните од сите етнички заедници и истакна дека протестот има една цел – заедничка и унитарна Македонија за сите нејзини граѓани.

– Бараме итно повлекување на тиранската платформа и организирање нови избори каде политичките партии отворено ќе ги претставаат своите платформи, а граѓаните тогаш ќе знаат што е најдоброто за Македонија, рече Силјаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top