| четврток, 6 декември 2018 |

„За заедничка Македонија“: Пратениците не смеат да гласаат за претседател на Собранието кој не ја осудил тиранската платформа

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска ги потсети пратениците од Собранието на Република Македонија дека не смеат да гласаат за претседател на Собранието, кој било и да биде предложен, кој не ја осудил и отфрлил тиранската платформа.

-На оваа многу одговорна позиција во земјата, на позицијата заменик на претседателот на Реублика Македонија и еден од главните носители на надворешната политика што има улога за надминување на спорот со Грција, недозволиво е да седне човек кој нема јавно да се откаже од формирање на бинационална држава и човек кој не ги признава и осеќа за свои знамето на Република Македонија, химната и јазикот кој ги обединува сите етнички заедници – вели Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.

Тие информираат дека во текот на оваа недела заедно со граѓаните ќе ги посетат штабовите на најголемите политички партии во земјата и ќе им порачаат да не си играат со судбината на Македонија.

– Денеска, на 29. ден од почетокот на нашите протесни маршеви тиранската коалиција на СДСМ сака да почне да ја спроведува платформата потпишана на масата на премиерот на Албанија. За која било суверена земја е врв на срамот кога неодговорни политичари ќе формираат документ под покровителство на туѓа држава и ќе се обидат да го реализираат во својата земја. Особено што содржината на документот бара редефинирање на земјата и нејзиното позиционирање на патот кон федерализација – рече Илиевски.

Тој посочи дека ниту еден обид за маскирање на вистинските намери позади платформата нема да помине, а граѓаните на Р. Македонија не се наивни и секој кој ги потценил нема добро да помине.

Повик до граѓаните упати и Борис Дамовски кој рече дека целта која ја поставиле не можат сами да ја постигнат.

– Целта која ја поставивиме е универзална за секој Македонец и затоа ни треба што поголемо учество на нашите истомисленици. Остваруваме победи, но победата е далеку. Затоа дојдедетe со нас – порача Дамовски.

Елена Мисиркова рече дека е на позиција на семакедонско и сеграѓанско обединување.

– Вишиот интерес треба да не води и да биде патокозаот во остварување на нашите цели за опстојување на овие простори во ситуација кога ни се оспорува постоењето дури и од нашите соседи. Остануваме на нашата позиција и продолжуваме да се бориме за суверенитетот на нашата држава заедно со вас граѓаните на Република Македонија. Ве повикувам да ни се приклучите во што поголем број – рече Мисиркова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top