Европската комисија денеска негира дека кој било од Комисијата му дал ветување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, доколку влада што тој би ја предводел ја преземе власта во македонската држава.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, денеска на прес-конференција во Брисел потврди дека за отворање на пристапните преговори на Македонија со Унијата одлучува Европскиот совет, а не Комисијата, со што го негираше тврдењето на Заев за некои македонски медиуми дека високата претставничка Федерика Могерини, како и еврокомесарот Јоханес Хан, му ветиле почеток на пристапните преговори во случај тој да стане македонски премиер.
– Како што знаете, ние не коментираме коментари и јас нема да коментирам туѓи коментари. Но, вие сте свесни какви се правилата и препораките на Комисијата за отворање на преговорите со вашата земја, условена со имплементацијата, односно имплементирањето на Договорот од Пржино и итните реформски приоритети во земјата. Отворањето на пристапните преговори, кога овие услови ќе бидат исполнети е одлука што ќе ја донесе Советот – одговори Коцијанчич.
Портпаролката на Хан, исто така, беше запрашана дали еврокомесарот за преговори за проширување го доби писмото од професорката по Уставно право на Правниот факултет во Скопје, Тања Каракамишева-Јовановска, и неколку интелектуалци и професори од Македонија, во однос на (не)уставноста на потезите што некои македонски политичари ги влечат изминатиот период и дали Хан одговорил на писмото:
– Треба да проверам дали писмото е примено, но обично кога добиваме писма, ние одговараме на нив – одговори Коцијанчич.
Притоа на нејзиниот одговор на пресот во Еврокомисијата се приклучи и главниот портпарол на ЕК, Маргаритис Схинас.
– Да, ние имаме навика да одговараме на писма – додаде шеретски шефот на гласноговорничкиот сервис на неформалната влада на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст