| четврток, 6 декември 2018 |

Пијалак на доктор Оз кој ќе ги намали килограмите

Овој пијалак e по рецепт на доктор Оз, содржи сѐ што ви е потребно за совршено здравје, а Опра Винфри не го почнува утрото без него.

Потребни состојки:

» 2 јаболка со средна големина

» 3 стебла целер

» 1 краставица

» Изрендан ѓумбир (корен од 2.5 цм)

» Половина лимон со кора (можете да ја изрендате)

» 1 лимета со кора (можете да ја изрендате)

» 150 грама магдонос

» 60 грама спанаќ

Подготовка:

Сите состојки ситно исецкајте ги, измешајте ги и обработете ги во соковник или блендер.

Овој сок има корисно дејство врз тегобите како што се висок крвен притисок, проблеми со кожата, коските, астма, проблеми со варењето…

Овој пијалок го намалува нивото на лошиот холестерол и помага во слабеење.

Доколку не сте навикнати на консумирање природни сокови, може да се случи на првата голтка да не ви биде вкусен овој пијалок. Ако се случи тоа, додадете уште некое јаболко за пијалскот да биде поблаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top