Постојат бројни проблеми кои може да доведат до раскинување на врската, но важно е да сфатите дека колку и’ да е тоа болно, некогаш тоа е навистина најдобро решение.
Ако ја сфатите предноста која раскинувањето со себе ја носи, сигурно ќе ви биде полесно да ја совладате проблеми и подобро ќе го сфатите односот со партнерот.
1. Добивате на простор. Секому му е потребно простор. Кога ќе се навикнете на слобода, а имате покрај себе посесивен партнер, тоа претставува проблем во врската. Со раскинувањето добивате време само за себе.
2. Запознајте се себе. Кога на момчето/девојката ќе му/и’ кажете дека сакате пауза, тоа обично сигнализира дека сакате да се гледате со други луѓе. Сепак, тоа ретко е причина. Можеби вам само ви е потребно да се запознаете себе како индивидуа, независно од двојката што ја чините со него/неа.
3. Сознанието дали сте компатибилни. Ако се сомневате дали сте компатибилни со својот партнер, можеби е време за малку простор. Оддалеченоста ќе ви овозможи да размислите за сличностите и разликите меѓу вас.
4. Чувството на смиреност. Врските може да бидат страствени и заморни. Раскинувањето може да ве смири, да ви помогне да се „соберете“, да ги согледате проблемите од дистанца и да избегнете реагирање во афект.
5. Одлучете што сакате. Понекога двајца луѓе сакаат различни работи. Можеби раскинувањето нема врска со партнерот, туку со вашата одлука да сакате да сфатите што сакате, било да е во прашање долга врска, брак, деца, кариера или нешто слично.
6. Одредување на приоритети. Луѓето имаат различни приоритети. Тоа не е причина за раскинување, но вам секако ви е потребно некое време да ги усогласите работите кои ви се важни во животот.
7. Сознанието дали е во прашање љубов. Ако целосно сигурни дали го сакате партнерот, тогаш раскинувањето е добар потег. Оддалеченоста може да ви помогне срцето повторно да ви заигра и така да откриете дали се уште имате чувства за партнерот.
Раскинувањето не мора да значи и дека вашата врска навистина е завршена. Некогаш оваа ситуација само може да го зацврсти односот и да ви го покаже значењето на она што го имате со партнерот. Ако сепак е во прашање конечна одлука , тогаш до тоа секако морало да дојде во некој момент, па секогаш е подобро порано отколку подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст