| четврток, 6 декември 2018 |

Барса го нуди и Ракитиќ само да го доведе Кутињо

ivan-rakitic

Барселона е сериозно заинтересирана за ангажман на бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо. Раководството на клубот од „Камп Ноу“ е подготвено дури и на размена во која Хрватот Иван Ракитиќ би заминал во Ливерпул, а Кутињо би се преселил во Шпанија.

Ракитиќ неодамна потпиша нов договор со каталонскиот гигант кој го обврзува до 2021 година, но веќе на лето би можел да замине на Островот. Се разбира, за тоа треба да даде согласност и самиот фудбалер. Инаку, Ракитиќ во моментов има вредност од 45 милиони евра, а Кутињо пет милиони евра помалку, па Барса се надева дека челниците на Ливерпул и менаџерот Јирген Клоп ќе ’загризат“ за оваа опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top