| четврток, 6 декември 2018 |

Овие правила треба да ги почитувате кога патувате во друга земја

Секоја земја си има свои непишани правила кои ги почитуваат жителите. Многу работи кои се сосема нормални кај нас, кај други народи се сметаат за погрешни. За да не ве осудуваат тамошните жители, добро е да знаете како треба да се однесувате во одредени земји.

Никогаш не давајте цвеќиња во парен број на некој Русин, бидејќи тие се носат само на погреби. Соодветен букет цвеќе за среќни прилики би бил оној со непарен број на цветови.

Во Чиле не треба да јадете со вашите прсти, бидејќи манирите се мошне важни во оваа земја.

Немојте да храните птици, да плукате или да фрлате ѓубре на улица во Сингапур. Исто така не треба да јадете во јавен превоз.

Мора да се воздржите од бакнување во Индија, бидејќи за тоа може да завршите во затвор. Не е дозволен ни физички контакт со луѓе од спротивниот пол.

Не оставајте бакшиш во Јапонија, немојте да се гушкате.. едноставно однесувајте се онака како што се однесуваат Јапонците.

Во Мексико немојте да ги сфаќате работите премногу лично, бидејќи Мексиканците сакаат да се шегуваат, па најверојатно и вие ќе сте дел од некоја шега. Исто така, обожаваат кога странците се трудат да зборуваат на нивен јазик или пак да почитуваат нивни традиции.

Немојте да се шегувате за рагбито, филмот „Lord of the Rings“ или за Кралицата на Велика Британија, бидејќи луѓето од Нов Зеланд сериозно ги сфаќаат овие работи. Немојте да се изненадите ако гледате премногу боси луѓе, тоа е нормална појава таму.

Во Норвешка не прашувајте луѓе дали одат во црква, бидејќи тоа не се почитува, а исто така и не очекувајте преголеми формалности.

Ако сте во Турција не покажувајте го знакот за ОК, бидејќи тоа е навреда. Немојте да се опиете, срамота е, исто како што е срамота да го дувате носот во јавност.

Во Велика Британија мора да чекате во ред, никако да го прескокнете редот, бидејќи сите ќе ве осудат. Некултурно е да ги прашувате колку заработуваат Британците, но и да не поканувате рандом луѓе дома.

Да не сте помислиле во Германија да употребувате поздрави од времето на Хитлер, бидејќи може да бидете казнети. Исто така, не треба да зјапате во луѓето, бидејќи само лудаците го прават тоа. Не се обидувајте да изгледате премногу пријателски настроени кон нив, оставете ги самите да се навикнат на вас. Никако немојте да честитате нечиј роденден пред датумот, бидејќи Германците веруваат дека тоа носи лоша среќа.

Во Кенија мора да ја почитувате религијата, а не треба и да зборувате многу за секс. Некултурно е да му се обратите на некого по име, ако тој човек претходно вас не ви се обратил по име.

Немојте да допрете некој Малезиец по главата, бидејќи тоа се смета за најсветото место на човечкото тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top