| четврток, 6 декември 2018 |

Арамија преку ноќ стана побогат за 14.200 евра – голема кражба во Битола

кра

Л.М. (45) од село Доленци, кој живее во Германија, вчера во полициска станица Битола пријавил дека во периодот од 10 часот на 24 март до 10 часот на 25 март, непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на улицата Михајло Андоновски во Битола.

Арамијата со употреба на подесен предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и украл 14.200 евра, по што побегнал.

МВР информира дека презема мерки за пронаоѓање на крадецот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top