| четврток, 6 декември 2018 |

Флорентино Перез го части Рамос со уште два милиона

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе добие зголемување на годишната плата од почетокот на идната сезона, информираат шпанските медиуми.Иако во моментов претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, не води преговори со Рамос за нов договор, со оглед дека актуелниот има важност до 2020 година, сепак, размислува за ревидирање на постоечките ставки.

Перез е мошне задоволен од игрите на Серхио Рамос оваа сезона, тој не само што си ја извршува својата задача во одбраната, туку постигна и неколку решавачки голови за Реал Мадрид. Токму затоа и ќе добие бонус од 2 милиони евра за следната сезона. Сегашната годишна плата на дефанзивецот на Реал Мадрид изнесува 10 милиони евра, но од следната ќе биде зголемена на 12 милиони евра, односно 1 милион евра месечно.

Серхио Рамос е член на Реал Мадрид од 2005 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top