| четврток, 6 декември 2018 |

Работниците на ОХИС штрајкуваат, хаос во скопскиот сообраќај

ohis50000

Вработените во ОХИС и денеска продолжија со протестите и повторно го блокираа булеварот „Борис Трајковски“. Бидејќи не ги напушта ведриот дух, тие на сатиричен начин, чекајќи ја актуелната власт да им даде здравствени картони и да им ги исплати заостанатите плати, самите си делеа картони.

Владата неколку пати ги менуваше условите за продажба за некогашниот хемиски гигант.

И покрај тоа, епилогот од последните тендери беше идентичен – не се појави ниту една заинтересирана компанија што ќе биде иден газда на ОХИС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top