На нас, Македонците од Хрватска, не ни е важна политичката опција, туку македонскиот народ и Македонија. Па од таа причина, ја сметаме за тотално неприфатлива албанската платформа напишана во Тирана, која допира во сржта на македонската нација, македонскиот јазик и македонската држава, се вели во писмото испратено до лидерите на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев од Македонците во Загреб, кои дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Почитуван господине Груевски и почитуван гоподине Заев.
Ви го пишуваме ова писмо поврзано за моменталната политичка ситуација во Македонија. Вие двајца, како лидери на двете најголеми македонски политички партии морате да ја сфатите сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Вие имате политичка и морална одговорност за македонскиот народ и македонската земја. На нас, Македонците од Хрватска, не ни е важна политичката опција, туку македонскиот народ и Македонија. Па од таа причина, ја сметаме за тотално неприфатлива албанската платформа напишана во Тирана која допира во сржта на македонската нација, македонскиот јазик и македонската држава. Вие сте должни да го браните интегритетот и суверенитетот на државата за која добивате мандати од македонските граѓани, па ве замолуваме да не прифаќате никакви уцени и платформи пишувани во други држави. Македонија е земја на сите нејзини граѓани без оглед на нацијата и верата, но кои се лојални и ги почитуваат македонските закони, знамето и химната. Уште еднаш убаво ве замолуваме да заборавите на партиските бои и да кажете едно големо НЕ на уцените и платформите од Тирана.
Срдечен поздрав од Загребачките Македонци, се вели во писмото на Македонците од Загреб во име на Македонците од Хрватска, кои беа поддржани и од членови од хрватскиот Тоше Фан тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.