Саудиската Амбасада во Лондон соопшти дека Халид Масуд, кој во средата изврши терористички напад во британскиот главен град, престојувал во Саудиска Арабија три пати, каде предавал англиски јазик.
Во соопштението на Амбасадата се вели дека Масуд предавал англиски во Саудиска Арабија од ноември 2005 до ноември 2006 и повторно од април 2008 до април 2009 година.
Тој имал работна виза и третиот пат престојувал во таа земја шест дена во март 2015 година.
Амбасадата додава дека саудиските безбедносни служби не го следеле и тој таму нема криминално досие.
Во Велика Британија бил повеќе пати осуден за вршење кривични дела, но ниту едно од нив не било поврзано со тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.